Ванда на суд откри дали го изневерила Икарди со Брозовиќ

Ванда Нара со Мауро Икарди редовно ги полнат насловните страници на таблоидите. Сопругата на фудбалерот, која воедно е и негов агент, сега даваше изјава во суд, каде што кажа дека не го измамила со некогашниот соиграч од Интер, Марсело Брозовиќ.

„Оваа приказна направи бројни проблеми во нашето семејство. Не го изневерив Мауро со Марсело Брозовиќ, јас го немам ни неговиот број. Поради сите овие шпекулации кои му наштетуваат на нашето семејство, моравме да заминеме од Милано“, изјави Ванда.

Овој пар пред неколку месеци беше на работ од тоа да се разведат поради тоа што Мауро ја изневери својата сопруга со аргентинската актерка Чина Суарез.

- Оглас -

Најнови вести