Ванда повторно проговори за иднината на Икарди

Агентот и сопруга на Мауро Икарди, Ванда Нара, во интервју за една италијанска телевизија потврди дека Аргентинецот ќе остане во редовите на Интер и следната сезона. И покрај проблемите кои ги создаде Икарди во таборот на „нераѕурите“ со одбивањето да потпише нов договор, по што следуваше казна со одземање на капитенската лента и привремено отстранување од првиот тим, се чини дека страстите се смирија и тој ќе остане верен на гигантот од „Џузепе Меаца“.

„Мауро и во иднина ќе игра за Интер. Тој ќе остане во Милано и следната сезона. По сè што се случи, можам да кажам дека сега е многу смирен“, истакна Ванда.

Речиси беше сигурно дека ова лето Икарди ќе ја напушти Италија, а како можна дестинација се појави Мадрид. И Реал и Атлетико го посакуваат во своите редови, двата клуба беа подготвени да ја активираат клаузулата од 110 милиони евра. Сепак, од таборот на „кралевите“ ја сменија одлуката токму поради сопругата на Икарди, која привлекува скандали со секоја нејзина изјава, така што тоа не би бил добар публицитет за најтрофејниот шпански клуб.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести