Ванда пресече: Интер е единствената опција за Икарди

Сите шпекулации кои ги прочитавме во текот на летото во врска со Мауро Икарди потајно се дело на неговата сопруга и агент Ванда Нара. Медиумите го селеа Аргентинецот во Јувентус, па Наполи, па Рома, за на крајот приказната да добие неочекуван епилог.

Ванда тврди дека Икарди никогаш не помислил да го напушти Интер, ниту во моментите кога ја наруши професионалната врска со тренерот Конте и беше ставен на трансфер-листата. Икарди не само што го загуби местото во тимот со доаѓањето на Ромелу Лукаку, туку остана и без „деветката“ на грбот која ја носеше во изминативе години. Сепак, тоа не доведе до промена на неговиот став и се чини дека Икарди и оваа сезона ќе ги брани боите на Нераѕурите доколку добие шанса за такво нешто.

„Дадовме негативен одговор на секоја понуда бидејќи Маури во ниту еден момент не сакаше да си замине од Милано. Точно е дека неколку италијански екипи имаа намера да го ангажираат, но тие не се Интер. На крајот од денот, Икарди е играч на овој клуб и така ќе остане“, истакна Ванда Нара.

 

- Оглас -

Најнови вести