Ване го има рецептот за добитен хуманитарен тикет

Во најновото издание на „Добротворен тикет“ на Sport Life и Sport Manija наш гостин е водителот на „Канал 5“ телевизија, Ване Маркоски. Јавноста го знае по „Избор на најдобри рецепти“, емисијата која ги открива највкусните специјалитети на нашите простори, а Ване овојпат реши да го ни го открие и рецептот за добитен хуманитарен тикет.

Маркоски воедно е познат како хуман човек пред сè, преку својата професија учествувал во многу хумани акции и континуирано се обидува да помогне на било каков начин на оние кои имаат потреба да им се пружи рака, па затоа и го привлече нашата акција. Иако не следи спорт, со наша мала помош успеа да ги одбере паровите со кои се надеваме дека оваа соработка ќе биде успешна.

„Искрено ќе кажам, досега не ме привлекло обложувањето, но кога се работи за хуманитарна акција секогаш сум тука да помогнам колку можам. Сакам да пружам рака на оние на кои им е потребна, а такви има многу во нашата земја, и настојувам да бидам активен колку што ми дозволува времето и работата. Не сум многу запознаен со спортската сфера, преферирам рекреативно спортување отколку следење на натпревари со цел да си го одржам здравјето, бидејќи тоа е најважно лично за мене“, истакна Ване.

Изборот на Ване се парови од најатрактивните фудбалски лиги во Европа, акцентот е ставен на ефикасност, односно дека ќе има голови на натпреварите кои се најдоа во добротворниот тикет. Почнувајќи од Премиер лигата со дуелот на Саутхемптон и Њукасл, како и манчестерското дерби меѓу Јунајтед и Сити. Од нив се очекува погодоци на двете страни, потенцирани се „двојки“ на Реал Мадрид и ПСЖ, додека завршуваме со Лидс јунајтед каде што настапува македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски.

Потенцијалната добивка е одлична, доколку тикетот биде добитен овие 220 илјади денари ќе бидат нормално ќе бидат наменети за хуманитарни цели.

- Оглас -

Најнови вести