Ванеса Брајант со емотивно простување од Коби и малата Џиџи (Видео)

Ванеса Брајант иако емотивно скршена од загубата на сопругот Коби и 13-годишната ќерка Џана, собра сила да се збогува со своите најмили на комеморацијата која вечерва беше во „Стејплс центарот“. Зборуваше за времето поминато со Џиџи, за тоа каков татко бил Коби и за тоа колку Џиџи и татко ѝ биле поврзани.

„Моето мало девојче. Џана е неверојатно слатка и нежна личност. Секогаш ме бакнуваше за добра ноќ и секое утро. Во неколку ситуации кога ќе заминеше во школо без да ја видам, ќе и напишев порака: „Без бакнеж?, а таа знаеше да ми врати: Мамо те бакнав. Ти спиеше и не сакав да те разбудам. Знаеше колку многу ми значат нејзините бакнежи секое утро и секоја ноќ. Таа беше татина ќерка, но знам дека ја сакаше и мама. Таа беше една од моите најдобри пријателки. Жалам што никогаш нема да имам шанса да ги видам заедно со сестра ѝ Наталија како одат во средно школо. Нема да ја видам како учи да вози автомобил, нема да можам да ѝ кажам колку е убава на нејзината венчавка. Знам дека Џиџи ќе беше одлична мајка. Сакаше да стане најдобрата кошаркарка во ВНБА“, рече Ванеса за својата 13-годишна ќерка која загина заедно со Коби во хеликоптерската несреќа.

„Господ знае дека тие не можеа да бидат на земјава еден без друг. Затоа и двајцата ги зема во Рајот. Бејби внимавај на нашата Џиџи. Јас ги имам Нани, Биби и Коко, да знаеш ние уште сме најдобар тим“, рече Брајант во долгиот говор за комеморацијата во чест на Коби и Џана Брајант.

- Оглас -

Најнови вести