Ванкувер ѝ стави крај на серијата на Минесота

Ванкувер канукс со 5-2 го совлада тимот на Минесота вајлд за да ѝ стави крај на серијата на гостите од петте победи во низа. По израмнетите сили во првиот период, Ванкувер ја презеде иницијативата со два гола во втората третина, пред Сутер да ја искористи ситуацијата со играч повеќе и да ја намали предноста на домаќините. Сепак, Петерсон со нов гол, а и погодокот на Хатон пред крајот ги решија дилемите на средбата.

Калгари флејмс со победа се врати од гостувањето во Торонто против „ловоровите листови“ со конечен резултат од 3-1. Головите се постигнаа дури во последниот период. Гостите поведоа со 2-0 по шест минути игра во третата третина, а Кадри го постигна почесниот гол за домаќините, пред Фролик да ги постави конечните 3-1 на пет секунди пред крајот на средбата.

- Оглас -

Најнови вести