ВАР е за потсмев во Англија – Оштетен е Челзи по излетот на Мартинес (Видео)

ВАР системот не функционира како што треба во Англија цела сезона, а дека постои недефиниран аршин во чудната примена на модерната технологија на Островот се потврди и во финалето на ФА купот.

Арсенал го надигра Челзи и заслужено со победа од 2:1 го освои рекордниот 14. пехар, но се чини дека нивниот ривал беше оштетен во финишот на мечот.

Голманот на Топчиите Емилијано Мартинес се подзаборави малку и ја фати топката со двете раце надевор од шеснаесетникот. Судијата Тејлор не забележа дека Аргентинецот играше со раце во недозволен простор, што може да му се случи секому, но што е чудно доби инструкции од колегите во ВАР собата играта да продолжи и дека нема ништо спорно.

Спорниот момент од финалето на ФА купот погледнете го ОВДЕ.

ВАР системот во Англија се користи сосема поинаку од останатите земји што ја користат модерната технологија и судијата добива инструкции од колегите во ВАР собата и не може да ги гледа сам спорните моменти.

Во текот на целата сезона во Премиерлигата имаше многу спорни моменти, а еден е особено впечатлив и веројатно ја одлучи и трката за опстанок.

Се случи во 28-мото коло, а Шефилд унајтед играше против Астон вила. Тимот од Бирмингем прими гол, но судиите не го признаа. Топката заврши зад гол-линијата, но ниту ВАР-системот, ниту гол-технологијата не реагираа, па судиите не досудија погодок, иако тој реално беше постигнат.

На крајот, тој меч заврши 0:0, што значи дека Астон вила освои бод кој немаше да го има ако беше признат погодокот на Шефилд. Ако го немаше тој бод, тимот од Бирмингам ќе имаше 34 бодови и послаба гол-разлика од Борнмут, што значи дека ќе требаше да испадне.

- Оглас -

Најнови вести