ВАР ги спаси Бразилците од пораз против Португалија

Денеска стартуваа натпреварите од главата фаза на Светското првенство што се игра во Полска и Шведска, а на дерби-пресметката во првиот термин помеѓу Португалија и Бразил главната улога ја имаше ВАР-технологијата.

Средбата заврши без победник 28:28, а голот за реми беше постигнат од седум метри во последната секунда, и тоа благодарение на ВАР-технологијата.

Имено, во последната минута од средбата, Кико Коста ѝ донесе предност на Португалија од 28:27. Бразилците тргнаа во последниот напад, а судиите по прегледување со помош на ВАР на спорниот момент во последната секунда, оценија дека Боргес направил прекршок за пенал и му покажаа црвен картон. Тоа го искористија Кариоките во последната секунда да се спасат од пенал.

Словенија со убедливи 38:21 го победи Иран чиј тренер е поранешниот стратег на Вардар, Веселин Вујовиќ.

Домен Макуц постигна шест, а Алекс Влах, Блаж Јанц и Нејц Цехте по пет гола за словенечката репрезентација, додека Иран со по четири гола го предводеа Мохамедреза Ораеи и Шабаб Садегзадех.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести