ВАР-комедија: Топчиите оштетени за пенал во ремито против Барнли (видео)

Арсенал се избори само за бод на гостувањето кај Барнли при конечни 1-1, мечот во кој Топчиите ќе жалат за бројните пропуштени шанси да ја решат средбата, но и за катастрофалната арбитража.

Се играше 75-тата минута кога гостите од Лондон во обид да се вратат во водство, на некоректен начин беше спречен нивниот напад. Пепе сакаше да шутира кон голот на Поуп, меѓутоа топката во два наврати удри во раката на Питерс која му беше во неприродна позиција, но ВАР-системот како и судијата Маринер не реагираа.

Слична ситуација се случи во четвртокот во дербито меѓу Ливерпул и Челзи, кога домаќините не добија најстрога казна по играњето со рака на Канте  во шестнаестеникот.

Топчиите одлично ја почнаа средбата со водечкиот гол на Обамејанг во шестата минута, додека Барнли се спаси од пораз благодарение на кардиналната грешка на Џака во 39-тата минута, со која буквално им подари израмнувачки гол на домаќините.

Арсенал до крајот притискаше за евентуална поебеда, но следуваше серија промашувања, а и рамката од голот му беше сојузник на Барни за да нема промени во резултатот.

- Оглас -

Најнови вести