ВАР лакрдија на штета и на Бразил и на Колумбија: На погрешно место повлекуваа линии, а не видоа и чист пенал (Видео)

Бразил и Колумбија ремизираа 1:1 во меч од третото коло на Копа Америка и двете селекции продолжија во нокаут-фазата. Со ова реми Колумбија ја продолжи неверојатната низа од 26 средби без пораз (20 победи и шест ремија). Последен пат Колумбија загубила пред две и пол години.

На утринскиот дуел одигран во Санта Клара во САД, Бразил поведе со голот на Рафиња во 12-тата минута, а израмни Муњос во последните моменти од првиот дел.

Освен погодоците, ова дерби го одбележаа и две контроверзни ВАР-одлуки. Прво беше поништен гол за Колумбија поради офсајд, но судиите во ВАР-собата направија превид. Наместо да повлечат линија на ногата каде што се наоѓа стрелецот Санчес, тие ја гледаа позицијата на Кордоба, кој беше во очигледен офсајд, но тој играч воопшто немаше контакт со топката.

ВАР-одлука имаше и на штета на Бразил. Винисиус јуниор имаше продор во шеснаесетникот на противникот, успеа да помине со топката, но потоа беше фаулиран. Иако и ВАР-судиите гледаа, сепак не утврдија дека имаше фаул над Бразилецот, иако снимката го покажува токму тоа.

https://twitter.com/i/status/1808316126561993204

Интересно е дека ВАР-системот затаи и претходната вечер на Копа Америка кога Американците беа бесни поради голот што го постигна Уругвај од офсајд-позиција, а арбитрите не реагираа. Таа ситуација може да ја видите ТУКА. 

 

- Оглас -

Најнови вести