ВАР не дозволи победа на Фламенго, поништени три гола (Видео)

Фламенго испушти голема шанса да триумфира на гости кај Гремио и со предност да стартува на реваншот на свој терен, па на дуелот на „Маракана“ во Рио ќе мора да победи бидејќи утрово во Порто Алегре одиграа 1-1. На гостите им беа поништени дури три гола, од кои два на популарниот Габи-гол. Во Копа Либертадорес во полуфиналето важи правилото гол во гости, па на Фламенго му одговара и 0-0 на реваншот на 23 октомври.

Според тоа што беше видено на првите полуфинални мечеви, финалето и годинава ќе биде спектакуларно и ќе има битка на големи тимови од Аргентина и Бразил. „Мириса“ на финале Ривер плејт – Фламенго, но и Бока јуниорс и Гремио ќе ја чекаат својата шанса.

Погледнете ги најинтересните моменти и головите:

https://www.youtube.com/watch?v=vUUKqszqJj4

- Оглас -

Најнови вести