ВАР системот досега нема приредено ваква драма (Видео)

И во Мароко сезонава започна примената на ВАР технологијата, а дуелот од полуфиналето во Купот донесе неверојатна драма. Дифа ел Џадиди играше против Казабланка, а по 90 минути немаше голови, па се играа дополнителни 30 минути. Во тек беше 122 минута и наместо судијата да отсвири крај и да има пенал-рулет, тој покажа дека ќе се гледа спорна ситуација во шеснаесетникот на домаќините.

Во буквално последниот центаршут на мечот, во мешаницата во шеснаесетникот на домаќините, еден играч ја удри тпката со рака. По прегледувањето на спорниот момент, беше досуден пенал, но тука не заврши драмата. Ударот од белата точка заврши во пречката, па топката влезе во голот и веднаш излезе. Едните се радуваа на погодок, другите на промашен пенал.

Судијата повторно мораше да користи помош од ВАР системот, за да на крајот потврди дека топката влегла со целиот обем во голот и тоа беше победа за Казабланка.

 

- Оглас -

Најнови вести