ВАР системот го поништи голот, но дали тоа е правилната одлука? (Видео)

Лацио го победи Лече со 4:2 во меч кој имаше една чудна ситуација на „Олимпико“ во Рим. При водство од 2:1 за домаќините, беше досуден пенал за Лече во 67-мата минута. Бабакар ја презеде одговорноста да шутира, но неговиот удар го одбрани голманот на Лацио. Сепак, на одбиената топка натрча Лападула, кој погоди за радост на гостите.

Судијата прво покажа кон центарот, што значеше дека ќе биде 2:2. Сепак, по консултација со арбитрите во ВАР-собата, погодокот на Лече беше поништен поради предвремено влегување на Лападула во шеснаесетникот.

Според правилата, ниту еден играч не смее да влезе во шеснаесетникот додека изведувачот на пеналот не шутне. Повторената снимка покажува дека Лападула за некој сантиметар беше во казнениот простор, но тој не беше единствен со таков прекршок. Дури тројца играчи на Лацио влегуваат пред него во шеснаесетникот, што значи дека и тие направиле прекршок, односно во таква ситуација треба да има повторување на ударот од белата точка.

Сепак, судијата очигледно го забележа само предвременото влегување на гостинскиот играч, но не и втрчувањата на домашните фудбалери.

 

- Оглас -

Најнови вести