ВАР системот не го виде ова: Неколку моменти пред Интер да го даде победничкиот гол имаше фаул (Видео)

Интер со 2:1 славеше над Верона, но овој меч уште еднаш покажа дека ниту ВАР системот не гарантира дека може да се „уловат“ сите спорни ситуации на теренот. Се играше 90+3 минута кога беше изведен корнер за Интер кога Бастони со лакт удри еден гостински фудбалер, но судијата не го виде тој момент и играта продолжи.

Неколку секунди подоцна Интер даде гол за победа од 2:1, а ВАР системот воопшто ен се јави да сугерира дека имало спорна ситуација по која гостинскиот играч остана да лежи да на теренот по ударот со лакт од страна на Бастони.

Целата ситуација може да ја видите тука и сами да процените дали имало фаул во напад при оваа акција за Интер.  

- Оглас -

Најнови вести