ВАР станува кошмар за Ливерпул: Шефилд доби пенал на „Енфилд роуд“, иако судијата покажа слободен удар (Видео)

Ливерпул губи на „Енфилд Роуд“ со 0:1 од Шефилд јунајтед откако гостите добија пенал благодарение на ВАР системот. Фабињо стартуваше врз еден од гостинските играчи, а ВАР технологијата покажа дека прекршокот бил на линијата од шеснаесетникот, што значи дека е и пенал. Претходно, судијата Марк Дин покажа само слободен удар за гостинскиот тим.

Шефилд нема победа на „Енфилд роуд“ од април 1984 година кога славеше со 2:1, а еве сега има водство против фаворитот.

Ливерпул и во минатото коло имаше лоша среќа и поради ВАР системот му беше поништен гол во 94 минута за победа во градското дерби против Евертон, а тренерот Јирген Клоп бараше објаснување зошто тогаш им беше поништен погодокот.

 

- Оглас -

Најнови вести