ВАР, Варди и Ихеначо ја чуваат победничката серија на Лестер

Џејми Варди, ВАР системот и особено Келечи Ихеначо го спасија Лестер на дуелот против Евертон, а серијата победи на популарните лисици продолжуваат.

Бајката на Лестер трае со седма победа по ред, вечерва и многу драматична. Џејми Варди најпрво со гол израмни на 1:1 и ја анулира предноста на Евертон од првиот дел со голот на Ришарлисон, а Ихеначо во шесттата минута од судиското продолжение погоди за победа од 2:1.

Тој гол се проверуваше со помош на ВАР системот, но испадна регуларен, па сега Лестер е на втората позиција во Премиерлигата со 30 бодови, 10 помалку од лидерот Ливерпул.

Во вториот меч вечерва Манечстер јунајтед и Астон Вила ремизираа 2:2 на „Олд Трафорд“. Гостите од Бирмингем водеа со голот на Грелиш, а потоа домаќините направија пресврт со автоголот на голманот Хитон и голот на Линделоф, но Мингс израмни за реми на поранешните европски прваци.

- Оглас -

Најнови вести