ВАР во 60 секунди двапати ги помилува Германците: Каи Хаверц од пенал донесе водство (Видео)

Германија има водство од 1-0 од 53.минута, кога Каи Хаверц од пенал успеа да го совлада Каспер Шмајхел. Одлуката беше донесена по сугестија од ВАР собата, а со рака во шеснаесетникот играше данскиот дефанзивец Јоаким Андерсен.

 

Само 60 секунди претходно, истиот фудбалер Андерсен беше стрелец на погодок за Данска, но по прегледување на ВАР снимката не беше признат поради офсајд позиција.

- Оглас -

Најнови вести