Варан има 50 милиони причини повторно да игра заедно со Роналдо

Дефанзивецот на Манчестер јунајтед, Рафаел Варан, добил неверојатна понуда од Ал-Наср да се пресели во Саудиска Арабија и повторно да игра заедно со Кристијано Роналдо.

Според англиските медиуми, Ал-Наср му нуди договор на Варан кој ќе му носи 50 милиони евра по сезона.

Договорот на Варан со Јунајтед истекува на крајот од сезоната, а бидејќи не ги исполни очекувањата на менаџерот Ерик тен Хаг и на навивачите, нема да добие нов договор и е слободен уште сега да преговара со заинтересираните екипи.

Прв тим кој му пристапи на Варан е токму Ал-Наср, кој му понудил плата од 50 милиони евра по сезона и можност повторно да игра заедно со Роналдо, со кого седум години беа соиграчи во Реал Мадрид (2011-2018) и четирипати триумфираа во Лигата на шампионите, а една сезона играа заедно и во Манчестер јунајтед.

- Оглас -

Најнови вести