Варан ни во сон не очекуваше дека вака ќе греши и дека тоа ќе значи елиминација на Реал (Видео)

Рафаел Варан вечерва го одигра можеби и најслабиот меч во кариерата, а тоа значеше и елиминација на Реал Мадрид од Лигата на шампиони. Францускиот репрезентативец направи две катастрофални грешки кои беа казнети од напаѓачите на Манчестер сити, па англискиот тим победи со 2:1 и се пласираше во четвртфиналето од Лигата на шампиони.

Првата грешка Варан ја направи уште во 8 минута кога Габриел Жезус успеа да му ја пресече топката и да додаде за лесна реализација на Рахим Стерлинг и водство на Сити од 1:0.

Manchester City 1-0 Real Madrid: Raheem Sterling goal 8′ [3-1 agg.] from r/soccer

Втората грешка беше во средината на второто полувреме кога Варан на два пати неуспешно се обидуваше со глава да расчиси, но наместо тоа, му ја подари топката на Жезус, а Бразилецот погоди за 2:1, што на крајот се покажа како конечен резултат.

 

- Оглас -

Најнови вести