Варан прво ги шокираше сите со одлуката, а сега ја кажа и суровата вистина

Францускиот дефанзивец Рафаел Варан ги изненади сите со одлуката да се повлече од националниот тим, иако има само 29 години. Тој дебитираше за Галските петли уште кога беше тинејџер и за брзо време стана незаменлив дел од стартниот тим. Одигра 93 меча и се очекуваше дека токму тој треба да биде новиот капитен на националниот состав, по заминувањето на голманот Уго Лорис.

Варан со Франција беше светски првак на Мундијалот во Русија пред пет години, а пред неколку месеци го освои сребениот медал на планетарниот собир во Катар. Многумина останаа збунети од неговата одлука да се повлече од националниот тим, но Варан ја кажа суровата вистина што се случува во модерниот фудбал.

„Дадов се од себе и физички и психички. Највисокото ниво на фудбалот ви е како машина за перење, секогаш си во погон и никогаш не престануваш да работиш. Имаме пренатрупан распоред и играме постојано. Моментално чувствувам дека не можам физички да издржам и потребно ми е малку време за одмор. Морав да најдам начин како да го најдам тоа време посветено за самиот себе и мислам дека ова е единствена исправна одлука“, образложи Варан, кој сега целосно ќе се фокусира на настапите во Манчестер јунајтед.

 

- Оглас -

Најнови вести