Варан ставен на трансфер-листа, Реал ќе чека понуди налето

Реал Мадрид го стави Рафаел Варан на трансфер-листата, тврдат шпанските медиуми. Францускиот дефанзивец направи една деценија откако потпиша за Кралскиот клуб, а се чини дека ја игра последната сезона во белиот дрес.

Договорот му истекува во летото 2022 година, но преговорите околу обновување на соработката застанаа. Токму затоа, Кралевите ќе се обидат да заработат со евентуална продажба на Варан веќе во летниот преоден рок.

Варан моментално вреди 70 милиони евра според „Трансфермаркт“, па ќе се види колкава сума ќе го задоволи Флорентино Перес. Инаку, Французинот против Аталанта го одигра 350-тиот натпревар за Реал Мадрид во кој беше и капитен на екипата.

Откако во 2011 дојде на „Сантијаго Бернабеу“ како 18-годишен тинејџер, Варан освои 18 трофеи со Кралевите, од кои четири се во Лигата на шампионите, како и три титули во Ла Лига.

- Оглас -

Најнови вести