Вардар 1961 донесе нов пивотмен!

Нов член на ракометниот клуб Вардар 1961 е македонскиот репрезентативен пивотмен Костадин Петров. Велешанецот, кој доаѓа од Металург, со Црвено-црните има договор до јуни.

Петров ќе ја зголеми конкуренцијата во Вардар на пикерската позиција и ќе се формира квартет заедно со Стојанче Стоилов, Жереми Тото и Патрик Валчак.

Петров има и интернационално искуство, играше за шпанска Гвадалахара и романската Сучеава. Пред ЕП беше во составот на македонската репрезентација, но не доби шанса да настапи. Во Металург беше еден од најдобрите стрелци во есенскиот дел од сезоната во суперлигашката конкуренција.

 

- Оглас -

Најнови вести