Вардар 1961 и официјално се раздели со Дејан Периќ

Тренерот на голманите, Србинот Дејан Периќ, и клубот Вардар 1961 спогодбено го раскинаа договорот. Периќ добил понуда со одлични финансиски услови во Бундеслигата и сакал да замине, а Црвено-црните не му правеа проблем да го реализира трансферот. Периќ беше дел од втората европска титула на Вардар и при последните титули во СЕХА Газпром лигата.

„Пријателите секогаш остануваат во нашите срца. Ти благодариме што беше дел од нашето семејство“, порачаа Вардар.

- Оглас -

Најнови вести