Вардар бара спас во последен час – Утре почнуваат со подготовки под команда на Никола Илиевски Џиџи

Вардар утре ќе ги почне подготовките за пролетниот дел од сезоната, а од клупата ќе командува поранешниот тренер на „црвено-црните“ и ексмакедонски селектор Никола Илиевски Џиџи.

До стартот на вториот дел од сезоната има една недела, па „црвено-црните“ ќе се обидат во од и да се консолидираат и да се подготват колку што можат во краток рок за настап во Првата македонска фудбалска лига.

Во тек е акцијата за спас што ја организираат Комити со купување билети, а одобрени се и средствата кои беа ветени за колку-толку нормално функционирање на клубот по заминувањето на Сергеј Самсоненко.

Во стручниот штаб, според најавите, ќе биде приклучен и поранешниот капитен на Вардар, Бобан Грнчаров, а остануваат и Никола Глигоров и Златко Таневски, сите троца екскапитени на клубот.

Почетокот на пролетниот дел на сезоната во ПМФЛ е закажан за 14 февруари, а Вардар ќе му биде домаќин на Пелистер во вечното македонско дерби.

- Оглас -

Најнови вести