Вардар доби казна од ЕХФ

Македонскиот ракометен првак Вардар ќе мора да плати 8.000 евра на Европската ракометна федерација (ЕХФ), поради инцидентот кој се случи за време на реванш мечот од четвртфиналето во Лигата на шампиони, против ПИК Сегед. На гостувањето во Сегед, кога беше јасно дека Вардар ќе го загуби тој дуел, но и дека ќе се радува на влез во фајнл фор завршницата, поради подобрата гол разлика во двомечот, се случи инцидент кој го започна Рожерио Мораеш, а потоа учествуваа поголем број на ракометари од двата тима.

ЕХФ најави дека ќе го разгледа случајот тој инцидент, но за среќа не донесе одлука за суспензија на Мораеш, па Бразилецот ќе биде подготвен за дуелот во полуфиналето од ЛШ против Барселона. Сепак, Вардар како клуб ќе мора да плати 8.000 евра поради мешаницата.

„Нема да има дополнителна санкција за Рожерио Мораес. Дисциплинската комисија при ЕХФ смета дека самата казна на натпреварот била престрога, тој без проблеми може да настапи на Ф4 во Келн“, се вели во објаснувањето на ЕХФ.

– Вардар е казнет со 8.000 евра поради однесувањето на тимот. Казната е повисока од онаа на Пик Сегед поради тоа што за сличен прекршок екипата веќе била казнета во текот на сезоната што е отежнувачка околност. Унгарскиот тим е казнет со 16.000 евра поради недерот на теренот.

Парични казни има и за играчите. Деан Бомбач, кој го предизвика инцидентот и го нападна Карачиќ надвор од теренот е казнет со 3.000 евра.

– По 2.000 евра Пик Сегед ќе плати за Матеј Габер и Хорхе Македа. Првиот е вториот иницијатор на мешаницата, додека Македа влегол на терен за да се расправа иако претходно имаше добиено црвен картон.

 

- Оглас -

Најнови вести