Лавовите побегнаа од замката на Вардар, Шкендија прави зимска залиха за титула

Вардар беше на прагот на голема победа против Македонија Ѓорче Петров, но грешките на голманот Филип Илиќ и на одбраната му дозволија на ривалот да се спаси од пораз во одличното скопско дерби што заврши нерешено, 2:2.

Шампионот водеше со головите на Мирчевски во 19. минута и на Цветановски во 52. минута, но не издржа. За само 10 минути гостите постигнаа два гола и се спасија од пораз.

Во 57. минута Калид ја казни првата грешка на голманот Илиќ и намали на 2:1, а потоа и капитенот на Македонија Ѓорче Петров, Боби Божиновски казни една несмасна интервенција на голманот на Вардар и израмни на 2:2.

Само лидерот Шкендија успеа да победи како гостин во 12. коло и да направи разлика од шест бода на врвот. Со голот на Елези во 53. минута Тетовци ја победија екипата на Академија Пандев во Струмица и се зацврсти на врвот со 39 бода.

Резултати, 12. коло: Вардар – Македонија Ѓорче Петров 2:2, Академија Пандев – Шкендија 0:1, Борец – Силекс 2:0, Струга – Работнички 2:1, Пелистер – Беласица 1:0, Ренова – Шкупи 0:0

Табела: Шкендија 39, Шкупи и Македонија Ѓ.П по 33, Струга и Борец по 25, Силекс и Вардар по 22, Работнички 21, Ренова 16, Пелистер 15, Академија Пандев 14, Беласица 9.

- Оглас -

Најнови вести