Вардар фати победнички ритам, го доби и дербито со Пелистер

Вардар фати победнички ритам и е единатвената непоразена екипа по четири кола во Првата македонска ракометна лига, по победата против вечниот ривал Пелистер со 29:25.

Во Скопје се играше неизвесен меч, што секогаш е дерби, а Вардар беше поуспешен и славеше со четири гола разлика. ж

Таква беше разликата и по првиот дел и вардарци заминаа на пауза со предност од 15:11.

Во финишот на мечот стана драматично, Пелистер стаса до негатива од само еден гол, 26:25, но Талевски со голови му донесе победа на Вардар од 29:25.

Тимур Дибиров беше најефикасен на дербито со 10 гола, Талески даде пет, а кај гостите најпрецизен беше Стипе Мандалиниќ со пет погодоци.

Вардар сега е осамен на врвот на табелата со максимални четири победи, а Пелистер го доживеа првиот пораз во првенството.

 

 

- Оглас -

Најнови вести