Вардар успеа да го добие дербито против Шкупи со 3-2 во дебито на Гоце Седлоски на тренерската позиција. Јумеми Канда обезбеди предност за Шкупи, но Горан Закариќ израмни, а Николовски ги донесе вардарци во водсто од 2-1.
Ново израмнување следеше по голот на Џемал Ибиши, а Дарко Мицевски во 83-та минута постигна погодок за триумф на Вардар.
Шампионот Струга Трим Лум му го нанесе првиот пораз (1-0) на Работнички од стартот на сезоната и го симна од врвот на табелата во 14.коло. Напаѓачот Ланре Кехинде беше стрелец на победничкиот гол за стружани во 34-та минута.
Шкендија во голеада славеше против Брера со 4-3. Шала го отвори резултатот, а Флорент Рамадани зголеми на 2-0 во 28-та минута. Но, потоа Марјан Ристовски постигна одличен гол за Брера во 44-та минута, а Ѓорѓе Ивковиќ израмни во 51-та минута.
Фитон Адеми донесе нова предност за Шкендија во 53-та минута, Ване Крстевски беше стрелец на четвртиот гол, а потоа и Брера постигна трет погодок.
Гостивар ја победи Воска Спорт со 4-0, а Силекс славеше со 1-0 против Пелистер.
Тиквеш и Беса ремизираа без голови.