Вардар задржува еден од клучните играчи

По враќањето на Михајло Михајловски на чело на ракометниот клуб Вардар, ситуацијата во актуелниот европски првак значително се подобри. Од Вардар денеска и официјално потврдија дека за следната сезона ќе остане еден од најдобрите играчи од минатата сезона, Иван Чупиќ.

„Го продолживме договорот со Чупиќ и тој останува во Вардар“, стигна потврдата од Вардар.

Некогашниот хрватски репрезентативец дојде во Вардар во 2016 година, кога се приклучи од Кјелце. Тој е дел од двете шампионски генерации кога „црвено-црните“ станаа европски прваци во 2017 и 2019 година.

Во финалето во 2017 година, токму Чупиќ беше стрелец на погодокот во последната секунда од мечот кога Вардар победи со 24:23 против ПСЖ.

- Оглас -

Најнови вести