Вардар го знае патот до новата титула, но што е со лиценцата за евронастап?

Речиси по три месеци пауза, од денеска повторно се тркала фудбалската топка и на тренинг-кампот на најтрофејниот клуб Вардар. Црвено-црните се враќаат во тренажен процес, како подготовка за продолжување на првенството.

Прволигашите решија дека првенството треба да се доигра, но да нема испаѓање. По 23 одиграни кола, Вардар е убедлив лидер со 46 бодови, 10 повеќе од второпласираниот Силекс, односно 11 повеќе од Шкендија. Засега останува неизвесно дали Вардар ќе успее да добие лиценца за настап во европските купови за следната сезона.

Според договорот, првенството треба да продолжи на 14 или 21 јуни.

- Оглас -

Најнови вести