Вардар и Шкендија мораа да се задоволат со по еден бод

На точно половина од сезоната во првата македонска фудбалска лига, Вардар има осум бода предност во однос на втората Шкендија, откако денеска овие екипи одиграа 2-2 во дербито на колото. Вардар водеше двапати, но снема сила во финишот, па може да биде задоволен со овој бод. Вардар 26 месеци не знае за победа над тетовскиот ривал, на последните 12 меча против Шкендија или губи или ремизира.

Интересно беше и во битката за опстанок. Во Тетово, Работнички водеше со 3-1, а загуби од Гипсарите. Бразилецот Паду од Македонија Ѓорче Петров, со три гола им донесе радост на Лавовите на гостувањето во Чаир, додека ремито против Борец во Струга може да се каже дека е кикс за домашните.

РЕЗУЛТАТИ: Ренова – Работнички 4-3, Шкупи – Македонија Ѓорче Петров 2-3, Струга Трим Лум – Борец 1-1, Вардар – Шкендија 2-2. Вчера: Силекс – Академија Пандев 3-1.

ТАБЕЛА: Вардар 36 бода, Шкендија 28, А. Пандев и Силекс по 27, Македонија ЃП 26, Струга 24, Шкупи 22, Борец 20, Ренова 19, Работнички 15.

- Оглас -

Најнови вести