Вардар и Струга се тркаа со голови против скромните Бутел и Металург

Вардар го победи Бутел со убедливи 36:21 во последниот настап во 2021 година, а истовремено и Струга со 35:21 го декласира скопски Металург.

Двете екипи што славеа убедливо и буквално се тркаа со голови, а Вардар за еден гол беше поефикасен на дуели на кои ривалите постигнаа по 21 гол.

Со беспрелорна игра во второто полувреме и убедлива разлика од 18:6, црвено-црните го скршија отпорот на Бутел, откако гостите добро се држеа по 30 минути играа и имаа негатива од три гола, 18:15 што беше резултат по првиот дел.

Струга неочекувано лесно го победи Металург, клуб кој е во криза, а тука се беше решено по првото полувреме што го добија домаќините со 17:9. И во продолжение стружани доминираа и го завршија мечот со 14 гола позитива.

 

- Оглас -

Најнови вести