Вардар им се заблагодари на двете големи ѕвезди: “Тажни сме што нема да играат, но среќни што остануваат во клубот“

Пред почетокот на големото ракометно дерби помеѓу Вардар и Еурофарм Пелистер имаше мала церемонија со која и официјално во играчка пензија беа испратени легендите на мак-ракометот, Борко Ристовски и Стојанче Стоилов.

Поранешниот претседател на Вардар, Михајло Михајловски, рече: “ажен сум бидејќи две вардарови ѕвезди веќе нема да играат во дресот на Вардар, но среќен што остануваат дел од клубот.“

Борко Ристовски веќе е назначен на претседателската позиција во најтрофејниот ракометен клуб во Македонија на местото токму на Михајловски, додека Стојанче Стоилов е дел од стручниот штаб на Владо Недановски, а денес и ја води екипата од клупата поради суспензијата на првиот тренер на вардарци.

- Оглас -

Најнови вести