Вардар има силен ветер во грбот против Македонија Ѓ.П. во Купот

Вардар нема пораз од Македонија Ѓорче Петров на официјален дуел повеќе од девет години и е фаворит во осминафиналниот двомеч во Националниот куп што почнува денеска.

Најтрофејниот македонски клуб според трофеите во првенството и во Купот не знае за пораз на последните осум меѓусебни дуели со Ѓорчепетровци, а од нив дури седум ги заврши како победник.

Последен пораз на Вардар од Македонија Ѓ.П. во официјален меч е на 16-ти септември 2009 година, и тоа убедлив со 0-5.

Но и тимот од населбата Ѓорче Петров си има свои адути, а триумфот на пријателскиот меч пред неполни две седмици со 3-0 им дава надеж дека имаат рецепт за подвиг. Вардар со пет титули во Купот е најтрофеен, а ривалот има една круна во Купот.

Бранителот на трофејот, Шкендија е апсолутен фаворит против второлигашот Кит-Го Пехчево, а двомечот ќе почне денеска, од 15.30 часот во Тетово.

Сите први осминафинални натпревари ќе се играат во истиот термин, денеска од 15.30 часот, а двојките се:

Вардар – Македонија Ѓ.П., Шкендија – Кит-Го Пехчево, Пелистер – Беласица, Гостивар – Победа, Тиквеш – Работнички, Скопје – Силекс и Брегалница – Академија Пандев. Кораб е слободен и ќе игра во четврт-финалето на купот. 

- Оглас -

Најнови вести