Вардар има златна Лира, победена и Победа

Бразилецот Вилијан Соуса Лира беше прецизен во 57. минута за вредна победа на Вардар против Победа во дербито во Штип. Во втората дерби пресметка Академија Пандев и Шкендија одиграа без голови.

Вардар си има победнички рецепт, еден гол за победа, а и денеска во Штип стратегијата на Александар Васоски беше триумфална. Младиот тренер на Вардар гази се пред себе и нема пораз и по 8 кола во домашното првенство. И со право заедно со неговите избраници е на врвот на табелата со 20 бода, четири повеќе од Академија Пандев и пет од Шкендија. Овие две екипи одиграа без голови на „Кукуш“ во Турново, во скрпмна фудбалска пресметка и си ги задржаа позициите зад лидерот Вардар.

Ренова игра изненадувачки добро и без тренер, па повторно победи со 2:0, овојпат во Тетово против Шкупи. Јусуфи и Стојановски со по еден погодок им донесоа триумф на „гипсарите“.

Рабптнички и Беласица и Силекс со Македонија Ѓ.П. одиграа нерешено, 1:1.

Табела: Вардар 20, Академија Пандев 16, Шкендија 15, Победа 11, Ренова и Работнички по 10, Беласица 9, Македонија Ѓ.П. 7, Силекс 6, Шкупи 5.

- Оглас -

Најнови вести