Вардар излез од кризата ќе бара против Работнички, “Супер куп“ дуел во Ѓорче (Фото)

Македонските фудбалски прволигаши денес ќе го одиграат 11-тото коло, последно од првиот круг на првенството. Најинтересниот натпревар ќе се одигра на стадионот “Борис Трајковски“ во скопската населба Маџари, а ќе се сретнат градските ривали Работнички и Вардар.

Најтрофејниот македонски клуб е незавидна позиција на табелата и со само пет поени е убедливо последен на табелата, додека “романтичарите“ се во средината на табелата со 13 бодови, само три повеќе од опасната зона. Квотата за победа на Вардар и излез од резултатската криза во која се наоѓа клубот во понудата на Sport Life е одлична, дури 3.85. Доколку сепак се одлучите да одиграте на фаворитот на овој натпревар, Работнички, тогаш квотата е 1.85.

На останатите натпревари, интересно ќе биде и во Ѓорче Петров, каде “Супер куп“ дуел ќе одиграат Македонија ЃП и Струга, екипите кои ги освоија трофеите на домашната клупска сцена. Лидерот на табелата, Шкендија, е голем фаворит со квота од 1.42 за победа против АП Брера, а фаворит е и Шкупи кој на неутрален терен во Куманово ќе ја пречека штипска Брегалница. Во Кратово, Силекс ќе се обиде да продолжи со одличните игри и против Тиквеш, додека во Гостивар ќе има дуел на новите прволигаши, со оглед на тоа дека гостува Воска од Охрид.

- Оглас -

Најнови вести