Вардар ја „удри“ Шкендија, тетовци вратија за пет минути

Големото дерби на македонскиот фудбалски шампионат помеѓу Вардар и Шкендија кое се игра во Скопје, по првите 45 минути донесе два гола, по еден на дветре страни, па второто полувреме ќе пресуди дали ќе има победник, или кандидатите за титулата ќе мора да се задоволат само со по еден бод.

Комитите на западната трибина кои прават убава атмосфера и слават неколку јубилеи, со факели го прославија водството од 1-0, кое го донесе Мицевски со прецизен удар од пенал.

Актуелниот првак изедначи само пет минути по примениот гол, а стрелец беше Имери. Вардар има 8 бода предност, па овој меч може да му донесе двоцифрена предност, но може и да донесе поголема неизвесност во трката за првото место.

- Оглас -

Најнови вести