Вардар ќе има тежок ривал во осминафиналето – Веспрем ќе биде првата пречка за фајналфор

Вардар со службен резултат го доби неодиграниот меч со Мешков Брест во Лигата на шампионите и како петтопласиран тим во својата група веќе го знае и ривалот в осминафиналето, а тоа ќе биде унгарски Веспрем.

Унгарците се четвртопласирани во Б групата и не можат ниту да напредуваат на табелата ниту да ја загубат позицијата пред стартот на последното коло во фазата по групи.

Тоа значи дека Веспрем ќе гостува во Скопје на 30 април или 1 мај, а ќе биде домаќин во реваншот на 6 или 7 мај.

Вардар е двоен европски првак, но ќе биде аутсајдер против екипата што нема европска круна, иако играше во две финалиња.

- Оглас -

Најнови вести