Вардар не го дава Купот, Црвено-црните преку Е. Пелистер до 16-ти куп триумф

Ракометарите на Вардар по 16-ти пат во клупската историја се победници во Купот на Македонија. Црвено-црните во финалето кое се играше во СЦ „Билјанини извори“ во Охрид, со 26:25 со совладаа големиот ривал Еурофарм Пелистер, и им се одмаздија на битолчани за поразот минатиот викенд во Битола, со кој повеќе од сигурно ја загубија титулата.

Вардарци многу подобро го започнаа натпреварот, по осум минути игра поведоа со 4:1, а набрзо дојдоа и до плус пет (8:3). Со одлична колективна игра во нападот, Црвено-црните ги контролираа случувањата на теренот во СЦ „Билјанини извори“ во првиот дел и на одмор заминаа со предност од четири гола (16:12).

Во вториот дел, битолчани успеаја да се вратат резулатски во игра и во 53-та минута по голот од пенал на Суси, по втор пат дојдоа до минус еден (24:23) и најавија неизвесна завршница на натпреварот. Талески со одличен гол погоди за плус два за Вардар на шест минути до крајот на мечот.

Бразилецот Дутра погоди за плус три за Вардар, а Павле Атанасијевиќ од контранапад намали на 26:24. Во последните две минути, Вардар влезе во предност од два гола, но не го реализира нападот по што Кузмановски од контранапад погоди за 26:25.

Вардарци во последната минута не го искористја нападот, но немаше време за битолчани да дојдат организираат напад и да дојдат до израмнување. Последниот шут од девет метри откако истече времето, на Атанасијевиќ заврши покрај голот на Ристовски.

Најдобри кај Вардар беа Моралес и Дутра со по седум постигнати голови, додека Талески, кој минатата сезона беше херој на Црвено-црните во финалето исто така против Пелистер, даде шест гола.

- Оглас -

Најнови вести