Вардар не игра во ЛШ и се подмладува – Кај двојниот европски првак дојде 18-годишен црногорски талент

Вардар не игра во Лигата на шампионите по суспензијата од ЕХФ и раководството на клубот одлучи да го подмлади тимот.

За двојниот европски првак од идната сезона ќе игра 18-годишниот црногорски талент Андреј Добрковиќ, момче со интересна приказна.

Доаѓа во Вардар од редовите на Целје, а и неговиот татко Марко Добрковиќ има играно за црвено-црните од Скопје.

Добрковиќ сениор беше член на Вардар пред 15 години и играше една сезона, во 2005/06, а сега за гигантот ќе игра и неговиот син.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести