Дури 12 мечеви ќе се играат попладнево во рамките од 16-финалето на фудбалскиот Куп на Македонија. Најтрофејниот клуб во Македонија, Вардар ќе гостува кај второлигашот Новаци, во обид да ја врати самодовербата.
Црвено-црните се последни на табелата во Прва лига и сигурно не смее да си дозволат нов кикс, посебно не против екипа која е од Втора лига. Пред 14 години Вардар гостуваше кај Новаци во Куп од првото коло и тогаш фаворитот се помачи, но на крајот се радуваше на триумф од 3:2.
Работнички, кој е најпријатно изненадување сезонава во Прва лига, ќе гостува кај Шкендија Арачиново, а Пелистер ќе гостува кај Скопје. Силекс ќе игра на теренот во Карбинци, Кожуф е домаќин на Арсеми, а Охрид ќе ја нагости Беса.
Шкупи ќе гостува во Џепчиште, а шампионот Струга игра на теренот кај Слога Виница. Борец е домаќин на Детонит Плачковица, Шкендија не треба да има никакви проблеми на гости кај Јани Мале, а Слободен Скопје ќе игра против Брегалница.
На 2 октомври ќе се играат останатите три меча од ова коло, а ќе се сретнат: Башкими – Воска, Беласица – Македонија ЃП и Победа – Гостивар.