Вардар од лидерското место го чека расплетот во СЕХА

Вардар славеше на гостувањето кај Извиѓач со 31-28 и со биланс од 14 победи и 4 порази, кои му донесоа 42 бода, го заврши лигашкиот дел од СЕХА-лигата. Вардарци се лидери на табелата, но најверојатно тоа ќе биде така само до утре, кога Нексе го пречекува Мешков Брест, а ППД Загреб го пречекува Татран Прешов.

Финалниот турнир ќе се игра во белоруски Брест, па можеби хрватските екипи ќе калкулираат и имаат прилика да „изберат“ дали повеќе им одговара полуфинале со бранителот на титулата Вардар или со домашниот Мешков.

Вечерва Вардарци рутински победија на гостувањето кај првакот на БиХ. Крилото Мартин Поповски со 9 гола од 12 шута беше најефикасен, а го следеа Кисељев, Шишкарев и Кокуловски со по четири погодоци. Калифа Гедбан со 16 одбрани беше расположен на голот на Вардар.

- Оглас -

Најнови вести