Вардар потценет како никогаш досега

Лигата на шампионите во ракомет за мажи се враќа на сцена по двомесечна пауза, и тоа со дуел на два титани, како што ги најавува ЕХФ, Кил и Вардар. Германскиот тим е лидер на табелата во групата Б, а Вардар е актуелен европски првак.

Црвено-црните имаат нов тренер, Стевче Алушовски ќе дебитира во ЛШ како тренер на Вардар, а во составот ќе го нема крилото Данил Шишкарев. Добра вест е што ќе дебитира Толедо. Но, сите најави се дека Вардар нема што да бара на ова гостување кај тимот кој е предводен од хрватскиот среден бек Домагој Дувњак. Зебрите се на чело и на Бундеслигата.

На 22 април 2018 Вардар победи на гости кај Кил, но во последните три дуели германскиот тим победуваше. Особено се памети оној октомврискиот во Скопје од 20-31, што е еден од најтешките порази дома за Вардар во ЛШ. Тогаш во првото полувреме Вардар даде само 4 гола.

Пред паузата, Вардар имаше три порази по ред во елитното континентално натпреварување, шести е во групата и веројатно ќе мора да разигрува уште од осминафиналната фаза. Левиот бек Кристијан Дисингер, кој играше за Кил од 2015 до 2018 година, нема да му помогне на Вардар поради повреда, а Шишкарев има инфекција на увото.

Квотите во Sport Life за овој натпревар можете да ги погледнете тука.

- Оглас -

Најнови вести