Вардар повторно се лизна, Шкендија се крева

Вардар и Шкупи ремизираа 1-1 во скопското дерби од Првата македонска фудбалска лига. Ова е незадоволителен резултат за најтрофејниот македонски клуб, на кого олеснителна околност му е што не успеа да победи ниту Академија Пандев, па вардарци останаа со четири бода предност во однос на најблискиот конкурент. Но, Вардар во последните две кола освои само еден бод, и му заврши серијата од шест победи по ред на домашен терен.

Шкендија даде шест гола, од кои пет во второто полувреме против Ренова, и малку по малку ја топи негативата во однос на Вардар и струмичани. Сега тетовци се на само три бода од „академиците“, а седум зад лидерот. Струга откако во минатото коло го изненади Вардар, денеска на гости кај Академија Пандев освои бод, со гол во 93-та минута.

РЕЗУЛТАТИ: Академија Пандев – Струга Трим Лум 1-1, Борец – Силекс 0-0, Шкендија – Ренова 6-1, Вардар – Шкупи 1-1.

ТАБЕЛА: Вардар 31 бод, А. Пандев 27, Шкендија 24, Силекс 22, Македонија ЃП 21, Шкупи и Струга по 19, Борец 16, Ренова 15, Работнички 11.

- Оглас -

Најнови вести