Вардар против Пелистер ќе игра за оние луѓе кои купија 35.000 билети

Секогаш кога играат Вардар и Пелистер, тоа е дерби на колото во македонската Прва фудбалска лига, така е и денеска, на дуелот во Скопје, иако на двата тима не им цутат розите. Ова не е дерби според местоположбата на табелата на двата тима, но ова е најголемо дерби според традицијата и бројот на навивачи.

Голем број срца чукаат за црвено-црните бои на Вардар, љубовта кон клубот кој е во финансиска криза, и ќе игра со младинци, беше изразена преку купувањето над над 35.000 билети за овој меч, иако нема да има публика на трибините. Фановите сакаат да му помогнат на Вардар да преживее. Досега за ниту еден спортски настан во Македонија не се продадени толку многу билети како за денешното „македонско Ел Класико“.

Освен пресметката на Вардар и Пелистер, денеска од 14 часот се играат и мечевите Борец – Шкупи, Ренова – Беласица, Силекс – Шкендија и Струга Трим Лум – Македонија Ѓорче Петров. Мечот Академија Пандев – Работнички се играше минатиот викенд.

- Оглас -

Најнови вести