Вардар решен да го добие и реваншот против загрепчани

Вардар со играта во првото полувреме против ППД Загреб, и водството од 19-13, докажа дека нема да ја брани предноста од првиот меч, туку дека сака да ги почести своите фанови со нова победа, и со стил да влезе меѓу осумте најдобри ракометни екипи во Европа. Тимовите не се премногу заинтересирани за одбрана, и играат меч за уживање на присутните во „Јане Сандански“.

До шестиот пласман по ред за вардарци во четвртфиналната фаза, остануваат само уште 30 минути и второто полувреме против Хрватите кои веќе немаат шанса да приредат сензација, па публиката може да ужива во егзибициите. Загреб нема победа во Скопје во дуел од Лигата на шампионите уште од 2007 година.

Иван Чупиќ со пет гола е предводник на нападот на „црвено-црните“ во ова прво полувреме, додека Глеб Калараш даде три гола.

Во четвртфиналето веќе се Виве Келце и Веспрем, кои ги елиминираа Мотор Запорожје односно Спортинг Лисабон.

- Оглас -

Најнови вести