Вардар се засили со Даниел Аврамовски

Даниел Аврамовски е нов играч на Вардар. Фудбалерот кој игра во средината на теренот потпиша договор до крајот на сезоната со најтрофејниот клуб во Македонија.

„Драго ми е што потпишав за Вардар. Можам да кажам дека уште од мал навивам за Вардар, иако играв за други клубови. Сега практично ми се оствари сонот да играм за овој клуб“, рече Аврамовски.

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија има играно за Македонија Ѓорче Петров и Работнички пред да замине во Србија, во екипата на Црвена ѕвезда. Играше за Олимпија Љубљана, потоа за Војдовина и последните шест месеци повторно го мина во словенечкото првенство, во Олимпија. Сега очекува брзо да се адаптира поради тоа што со голем дел од играчите добро се познава.

„Очекувам брзо да се адаптирам затоа што со голем дел од играчите се познавам. Сум играл со нив и во репрезентацијата и во клубовите, добро ме познаваат, добри ги познавам и јас нив. Во пролетниот дел очекувам пред сè добра игра како екипа и нормално добри резултати. Знам дека од Вардар секогаш се бараат победи, резултати, знам како е да се носам со тој предизвик. Целта ни е секако титулата, а излезот во Европа не треба да биде доведен во прашање. Со нетрпение очекувам им да се приклучам на подготовките на екипата, да се наметнам кај стручниот штаб и потоа низ пролетниот дел да бележиме добри резултати“, додава новиот играч на Вардар.

- Оглас -

Најнови вести