19.8 C
Skopje
сабота, 23 август 2025

Вардар со победа тргна на контролите во Словенија

Со головите на Горјан Цветков во 32-рата и Давид Велковски во 49-тата минута, Вардар го победи словенечкиот прволигаш Мура со 2-0 во контролен натпревар од подготовките за следната сезона.

Добра вест за Црвено-црните е и враќањето на терен на капитенот Дарко Мицевски по повеќемесечната пауза поради повреда.

За Вардар, кој е на подготовки во Словенија, задутре следува пријателски меч со Бистрица во Словенска Бистрица. На 20 јули е дуелот со Чарда и со тоа се затвора серијата контролки во Словенија. На 23 во Загреб, Вардар ќе си ги одмери силите со загрепскиот Динамо, додека на 27 јули во Австрија, најтрофејниот македонски клуб ќе се сретне со велшкиот Свонси.

- Оглас -

Најнови вести