Вардар со покер голови против Караорман стана нов лидер во Втората лига

Фудбалерите на Вардар се нови лидери во Втората македонска фудбалска лига откако на стадионот во Маџари, со 4:1 го совладаа Караорман во рамки на 20-то коло.

Вардарци со убедливиот триумф на најдобар начин го искористија ремито на директните конкуренти Гостивар и Воска. Сега Вардар по 20 кола има 49 бода, Воска има 47, а Гостивар има 45.

Црвено-црните до победата дојдоа благодарение на головите на Кристијан Николовски во 11-та минута, Филип Јаневски во 12-та, Дарко Размоски со 69-та и на Роберт Митев во 86-та минута.

Вчера во дербито на колото, Воска и Гостивар одиграа без голови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести