Вардар тргна добро, па застана, Кјелце контролира во „Јане“

Вардар е во негатива од три погодоци по првото полувреме во мечот против Кјелце при резултат од 13:16.

Избраниците на Стевче Алушовски добро тргнаа и ја имаа иницијативата до 15-тата минута, но од тој момент полскиот гигант направи пресврт и почна да го контролира темпото на мечот. Брзите напади на Келце и расположениот голман Волф се голем фактор што гостите имаа највисоки +4 во финишот од првиот дел.

Чупиќ засега со четири погодоци го држи Вардар колку-толку во игра, додека пак Вардар нема одговор за ексчленот Алекс Душебаев, кој исто така бележи реализација 4/5.

- Оглас -

Најнови вести